ТВ и радио водителката Здравкица Милиќ крајот на годината што за брзо време ќе ја испратиме, ќе ја памети по среќните моменти за кои е заслужна нејзината најголема среќа – ќеркичката Маша.
Кон средината на месец ноември Маша наполни четири години, а мама Здравкица за првпат ја прати во градинка, да се социјализира, да си игра со дечињата и да се адаптира на едно поинакво секојдневие.
Овој предпразничен период и малечката Маша беше дел од првата приредба организирана од градинката, а Здравкица блесна од радост со полно срце гледајќи ја својата наследничка.
-Приредба, јас стопена, напиша водителката во описот на фотографија каде позираат со Маша за да го овековечат моментот.
Дека е бескрајно благодарна на Бога што ја има титулата мајка, е и повеќе од очигледно, особено во моменти кога својот плод на љубовта го гледате како расте пред вас.
Инаку, Здравкица периодов паузира од работа, па може комплетно да му се посвети на сопругот и своето мало, а најголемо богатство.