Славната пејачка повторно е во блажена стостојба и чека бебе со кантри пејачот Блејк Шелтон.
За Гвен Стефани повеќепати се пишуваше едка е повторно бремена, но најновите фотографии ги потврдија шпекулациите како точни.
Стомакот веќе не се сокрива, а Гвен го прошета во костим на сирена кој го облече за Ноќта на вештерките. Странските медиуми пишуваат дека Гвен подлегнала на вештачко оплодување, кое се покажа како успешно.
Нивните пријатели откриваа дека двојката е пресреќна и едвај го чека новиот член на семејството.
Потсетување, Гвен од бракот со поранешниот сопруг Гавин Росдејл со кого беше 14 години во брак има три сина, Кингстон(11), Зуми (9) и Аполо (3).