Американската радио презентерка Кесиди Проктор се породи во програма во живо , за како што вели да го сподели искуството со слушателите.
Презентерката на радио станица од Сент Луис , Мисури , сакала да го сподели моментот на раѓање на нејзиониот син со слушателите .
Таа дури дозволила и публиката да одбере име на бебето со телефонско гласање . Најмногу гласа имало за името Џејмисон , избрано меѓу 400 предлози.
Keсиди се породила со царски рез , а медицинската сестра цело време го држела телефонот додека презентерката го коментирала сопственото породување.
Во исто време биле отворени и телефонските линии за коментари на слушателите.
Проктор во изјавата вели дека имала прекрасно искуство и оти ова било сосем нормално , бидејќи во отворената програма таа уште на почетокот на бременоста разговарала на оваа тема со слушателите.