Живот и Стил

(ФОТО) Почнал да сече месо и доживеал шок: Купеното парче во себе имало нешто одвратно!

(ФОТО) Почнал да сече месо и доживеал шок: Купеното парче во себе имало нешто одвратно!

Марио Хроњак од Вуковар објавил на својот Фејсбук профил видео – снимка на која се гледа како од месото додека се сече излегува некаква течност. Парчето месо, по сечењето имало и непријатен мирис.

Месото е прописно спакувано а на пакувањето стои дека рокот на траењето е до јануари 2018 година.

– Мајками и татко ми купиле месо. Го сечат и ова излегува од него… има необичен мирис… искуство! – напишал Марио во коментарот под видеото.

Случајот е пријавен во Лидл од каде е купено месото, а тие се понудиле да го заменат.

– Ме праша продавачот дали сакаме некое друго парче. Мајка ми одговори дека веќе никогаш нема тоа да го купи. Вратете ги парите и чао. Родителите отидоа во месара и купија – објавил Марио.

Видеото поради досега необјавени причини е отстрането од Фејсбук, но од Лидл се огласиле по повод шокантната видео снимка која во целост ви ја пренесуваме:

“Почитувани купувачи,

Многу ни е жал и се извинуваме поради немилиот настан поврзан со купеното месо во нашата продавница во Вуковар.

Добивме објаснување од нашиот добавувач ППК месна индустрија карловац во кое стои:

Врз основа на крајниот рок на употреба, одделението за обезбедување на квалитет на компанијата ППК изврши контрола на технолошкиот процес на производство на наведениот производ. Спроведената контрола и увид во процесите на производството покажуваат дека сите параметри се во склад.

Меѓутоа, со преглед на видеото на рекламираниот производ на интернет воспоставено е дека станува збор за скриен апсцес. Апсцесот претставува локална гнојна инфекција односно воспаление, почесто наречена чир, која претставува локално собирање на гној во новостворената шуплина.

Нажалост, апсцес е скриена мана кој се наоѓа во внатрешноста на месото или мускулите па затоа тешко е да се забележи за време на задолженителниот ветеринарен преглед на линијата за колење, ако е сместен длабоко во месото и ако не се пробие со ножот, а истото е и кога се коле, сече и пакува.”

извор:сител.мк

To top