Живот и Стил

(ФОТО) Нов хит на Инстаграм: Ова се најужасните веѓи кои сте ги виделе!

(ФОТО) Нов хит на Инстаграм: Ова се најужасните веѓи кои сте ги виделе!

Изминатата година бевме сведоци на најбизарните трендови кои се појавија на Инстаграм, но на тоа му нема крај.

Овој пат Ви претставуваме уште еден тренд за кој сме сигурни дека нема да Ви се допадне. Погледнете за што станува збор.

Од пластични пантолони до ужасни веѓи, во различни облици. Навистина станува лудо тоа што луѓето го користат Инстаграм за да се промовираат себе си на најбизарниот можен начин, односно ако направат циркус од себе.


Најновата појава на оваа социјална мрежа повторно е поврзана со веѓите, но во облик на ореол. 16 годишната блогерка за убавина Хана Лин го прослави овој тренд и тоа сосема спонтано. Односно, таа и нејзината пријателка зборувале за веѓи во облик на опашка од риба, па се сетиле да направат нешто полудо од тоа.

Според пишувањата на магазинот “Marie Claire” ова не е најновиот тренд туку шега која блогерката ја измислила за да го зголеми рејтингот на својот Инстаграм профил. Нејзините веѓи заработија повеќе од 8.000 “лајкови” и предизвикале позитивни и негативни коментари.

Некои од нив биле дека таа не е нормална и дека нејзиното однесување е детско. Што мислите Вие?

извор:точка.мк

To top