Радио Милева

(ФОТО) Ни трага од бременоста: Водителката Милена во топ форма по породувањето!

(ФОТО) Ни трага од бременоста: Водителката Милена во топ форма по породувањето!

ТВ водителката Милена Антовска Станковска периодов е на породилно отсуство од работа и целосно е посветена на својата ќеркичка Лана.

Додека Милена ужива во мајчинството, колегите од Канал 5 се почесто знаат да ја споменат во програма и да ја поздрават тазе мамичка, што покажува дека не само што им фали на гледачите, туку и на колегите.

Уште додека беше бремена, Милена можеше да се пофали со витка и манекенска форма на своето тело, па на неа се познаваше само зголеменото трудничко стомаче.

Периодов не многу е активна на социјалните мрежи како порано, но деновиве на интернет се појави една нова фотографија на која кај Милена не се забележува ниту трага од бременоста и породувањето.

Водителката ја има среќата да нема проблем со вишокот килограми кои се нормални по бременоста, па и сега како новопечена мама може да се пофали со завидна фигура на која веројатно најмногу се заслужни гените.

To top