Пред неколку години на македонската фолк сцена стана попозната по песната насловена „Министерка“, а покрај несекојдневниот текст на мелодијата, пејачката Сања Барбика ја препознаваа и по бујните облини и русата коса.
Затоа не случајно нејзиниот прекар и уметничко име е „барбика“, кој веројатно денес би требало да го промени бидејќи воопшто не потсетува на девојката од некогаш.
Имено, денес фолкерката Сања Цинцева како прво изгледа доста послабо и ја нема препознатливата долга руса коса.
Деновиве Сања на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од кои го покажа својот нов изглед, односно долгата црна коса во актуелните плетенки, па ги праша следбениците како им се допаѓа.
Еве ја новата Барби ама во црно издание.