Радио Милева

(ФОТО) Не и требаше црвен килим за да блесне: Со една фотографија од ноќта на Оскарите, Миланка го собра целото внимение!

(ФОТО) Не и требаше црвен килим за да блесне: Со една фотографија од ноќта на Оскарите, Миланка го собра целото внимение!

Ноќта на Оскарите е случувањето кое во неколку часа го обединува речиси целиот свет.

Комплетното внимание е насочено кон церемонијата која годинава по 90-ти пат во Долби театарот ги додели Оскарите на најдобрите филмски остварувања.

Како што е редот, преносот на Оскарите во Македонија не би можел да се замисли без водителката Миланка Рашиќ, која како и оваа престижна манифестација, го собра целото внимание на социјалните мрежи.

На Миланка не и требаше црвен килим за и годинава да блесне пред камерите на телевизија Сител и да ги води гледачите низ спектакуларното случување.

Оваа година Миланка се одлучи да облече црвена тоалета со впечатливо деколте, едноставно средена коса и ненаметлива шминка.

Пред официјалниот старт најавен за 23:30, Миланка се јави на социјалните мрежи со „селфи“ со кое имено го најави почетокот на вечерта, а за истото собра бројни ласкави коментари на сметка на изгледот како и стотици допаѓања.

To top