Радио Милева

(ФОТО) Најубав подарок: Познатата македонска дизајнерка роди син на својот роденден!

(ФОТО) Најубав подарок: Познатата македонска дизајнерка роди син на својот роденден!

За крај на оваа 2017 година познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова Трајковски и нејзиниот сопруг Александар го добија најубавиот подарок од Бога – станаа родители на синче.

Имено, вчера (27.12) токму на својот роденден, Маја не можеше да дочека поголемо и поубаво изненадување.

Освен честитките за роденден, нејзините пријатели и следбеници на социјалните мрежи беа изненадени откако убавата дизајнерка соопшти дека денот отсега има уште поголемо значење, со тоа што на свет пристигна нејзиното малечко ангелче како подарок за роденден, подарок за Нова година, подарок кој цел живот ќе ја радува…

Инаку, Маја и Александар беа во неколкугодишна врска, а летово ја крунисаа својата љубов со брак.

Честитки!

 

To top