Спротивно од општото верување, не живеат сите познати во дом од вашите соништа. Всушност, постојат некои домови во кои не би живееле дури ни бесплатно. Погледнете некои од најчудните и најгрдите домови на познатите личности.
1. Чудниот аеродром на Џон Траволта
Џон Траволта е голем обожавател на летала, и тоа толку голем што на некој начин живее во луксузен аеродром. Тој може да управува со своите приватни авиони, а има и комерцијална дозвола. Сепак, овде има место да ги смести своите 5 летала, вклучувајќи и еден авион за комерцијални летови.
2. Вселенскиот брод на Наоми Кемпбел
Овој дом бил изграден за Наоми од нејзиниот тогашен вереник, милијардерот Владислав Доронин. Домот е дизајниран од познатиот архитект Заха Хадид и е лоциран надвор од Москва. Експертите ја критикувале целата конструкција на куќата, а издолжениот дел го нарекувале и централа за воздушна контрола.
3. Домот на Марта Стјуард
Воопшто не е чудно што Марта сакала да го продаде својот дом. Куќата има 9 спални соби, 3 бањи, многу градби во дворот и „најубавата градина во градот“. Нејзиниот дом се нашол и на листата на топ 10 смешни, чудни и грди куќи на славните.
4. Вилата на Џеки Сигел
Еден Версај не е доволно. Џеки Сигел одлучила дека и таа сака да има замок во Флорида. Домот е направен според вистинскиот Версај и има 14 спални соби, 11 кујни, 32 бањи и кино на 2 ката. Домот на Џеки дури бил нарекуван гаден и невкусен.
5. Пустинската куќа на Пен Жилет
Познатиот магионичар и актер Пен Жилет живеел во еден од најчудните домови во Лас Вегас. Луѓето толку многу го мразеле што дури не сакале да купуваат куќи околу него. Изградбата почнала како едноставна зграда на 2 ката, но се претворила во нешто сосем друго. Низ годините Пен купувал земјиште околу зградата и на крајот направил дом од 40.000 метри квадратни. Земјиштето е полно со чудни и шарени градби кои наликуваат на куќа од Лего коцки.
6. Бритни Спирс имала бар во секоја соба
Вилата на Бритни Спирс во Малибу била најчудниот имот на пазарот. Вилата има 7 спални соби, 6 бањи, огромен базен со спа центар, тениско игралиште, теретана и бар во секоја соба. Агентите кои се обидувале да го продадат домот изјавиле дека барот во секоја соба бил премногу за купувачите.
7. Ранчот „Недојдија“ на Мајкл Џексон
Сигурно имате слушнато за овој ранч кој е можеби најчудниот дом на листава. „Недојдија“ бил приватен забавен парк на пејачот, како и негов дом. На имотот имало зоолошка, панорамско тркало и многу други атракции.
извор:кафепауза.мк