Неодамна хрватската пејачка и српска снаа, Северина Којиќ имаше свој настап на домашен терен- во родната Хрватска во градот Умаг.
Како што е ред и без сомнеж, Севе ја наполни концертната сала, а нејзините армија обожаватели пееја заедно со неа во секој стих.
Секое нејзино појавување на сцена е празник за очи, па покрај забавата во која е махер, умее да ја почести публиката со провокативни секси сценски изданија.
Овој пат, изборот падна на рокерска црна комбинација од кусо тесно здолниште со специфичен искинат детаљ од страна и едноставна маичка, а целосниот изглед го надополни со впечатливи аксесоари.
На свои 46 мора да признаете дека Севе е секс бомба!