Кери Хилтон (36) е најверојатно најмладата баба во Англија, а тамошните таблоиди веќе ја прогласија за најсекси баба на Инстаграм.
Кога имала само 18 години, Кери ја родила ќерката Кларис, а минатата година, на 17 години Кларис ја донела на свет нејзината ќерка – Џесика.
Кери обожува кик-бокс и пет пати неделно ја посетува теретаната. Таа потрошила вкупно 13 илјади фунти на естетски корекции, пишува “The Sun”.
Поради фактот што отсекогаш била фит и активна, Хилтон не е фасцинирана од фактот што ја сметаат за најгламурозна баба во Британија. Освен Кларис, Кери има и петгодишна ќерка, a од неодамна и внук.
Моментално, најмладата баба во светот е Рифка Станеску од Романија која добила внук на само 23 години.
извор:точка.мк