Живот и Стил

(ФОТО) Модна инспирација: Широк џемпер + тантела

(ФОТО) Модна инспирација: Широк џемпер + тантела

Кој вели дека модата во зима не може да биде секси? Еден од најпопуларните начини веќе неколку сезони да го постигнете тоа е да комбинирате џемпер и тантела.

Ако досега не сте ја испробале комбинацијата, тогаш еве идеја што да барате при следниот шопинг.

Широките џемпери со V-израз, кардигани или оние со отворен грб се идеални за вакви комбинации.

Комбинирајте ги со маички со тантела во предниот дел, или со тантелни прерамки, а предвид доаѓаат и слип фустаните.

Идеални се и за лежерни комбинации, но и за излегување со пријателите, забави и слично.

Уште една опција е и широк џемпер во комбинација со здолниште од тантела.

Во продолжение ви претставуваме фотографии од кои ќе се инспирирате. Одберете го вашиот омилен начин на комбинација на џемпер и тантела и бидете заводливи и секси и оваа зима.

извор:fashionel.mk
To top