Радио Милева

(ФОТО) Мама Милена ја изнесе на прошетка Лана Марија и за првпат го покажа нејзиното преслатко лице!

(ФОТО) Мама Милена ја изнесе на прошетка Лана Марија и за првпат го покажа нејзиното преслатко лице!

Поминаа околу пет месеци откако ТВ водителката Милена Антовска се реализираше како мајка и на свет ја донесе својата принцеза Лана Марија.

Изминатиот период мама Милена само дискретно го покажа своето бебенце, но сега дојде време кога одлучи на сите да им ја открие својата наследничка.

Убавото сончево време Милена го искористи за прошетка на Лана Марија во бебешката количка низ центарот на Скопје, а притоа не пропушти да го овековечи моментот.

Фотографијата ја објави на социјалните мрежи, а во фокус се издвои преслаткото бебенце кое ѕирка со очињата под зимската облека.

Инаку, на Милена и остануваат уште неколку месеци од породилното отсуство за повторно да им се врати на гледачите и колегите од утринската емисија на Канал 5 телевизија.

To top