Поминаа неколку години откако згодната прилепчанка, пејачката Оливера Ѓоргоска, замина во Америка каде целосно се посвети на усовршувањето на музиката.
Веројатно туѓината ептен и годи, па нема намера да се врати на домашен терен.
Откако замина, Оли и тоа како се промени визуелно, па од атрактивна девојка, се претвори во жена лавица.
Покрај музиката, пејачката е доста посветена на одржување на својата фигура, кондиција и форма, а од резултатите кои ги покажува на социјалните мрежи, домашните медиуми не ретко ја споредуваат со светската дива Џенифер Лопез.
Овој пат на своите следбеници и пријатели им ги покажа „челичните“ стомачни мускули, а за камерата подобро да ги долови, таа облече две различни комбинации, една во здолниште, а друга во панталони, споени со црвена маичка од која фокусираше на стомакот.
Мора да признете дека Оливера е вистинска бомба, македонска ама на американско тло.