За повеќето од нас, приватен авион веќе означува голем луксуз за патување во облаците. Сепак, мал е бројот на луѓе кои можат да си го дозволат овој луксуз.
За да ги задоволат желбите на овие клиенти, приватните авионски компании Airbus и Boeing ги кренаа стандардите на следното ниво. Овие две компанија, генерално ги преобразуваат малите авионски модели А320 и Боинг 737 во луксузни модели.
Но сепак по барање на најверојатно доста богат клиент тие отидоа чекор напред и го преобразија моделот Боинг 747 во луксузен дом во облаците.
Овој авион има површина од 444m² која вклучува конференциски сали, канцеларии, дневен престој, бањи и се што ви е потребно за луксузен живот во облаците.