Познатиот турски актер Озчан Дениз на свои 45 години за првпат ќе стане татко и сопружник.
Неговата избраничка е 20 години помладата Фејза Актан која е бремена и носи машко дете.
Турските медиуми на големо пишуваат за оваа вест, а она што е познато за Фејза е тоа дека е родена во Анталија, но живее во Истанбул.
Озчан и Фејза беа во врска околу една година, а тој веќе ја запознал и со семејството.
Се пишуваше дека свадбата ќе се случи на 10-ти ноември, но како што кружат шпекулациите, свадбата ќе се случи откако невестата ќе се породи.