Радио Милева

(ФОТО) Калиопи го покажа домот на родителите и семејното богатство!

(ФОТО) Калиопи го покажа домот на родителите и семејното богатство!

Откако ги одржа концертите во Белград и Подгорица, поп-дивата Калиопи Букле реши да се наполни со позитивната енергија и ориенталноста на убавиот Истанбул.

Откако уживаше во прошетките и знаменитостите на градот на Босфорот, Опи му се врати на Скопје и периодов одлучи да го помине во домашна атмосфера, како и во семејното гнездо кај своите родители.

Таму ја навјасаа спомените, па почна да евоцира моменти од старите семејни фото-албуми на татка си.

Освен тоа што ги покажа фотографиите кога била малечко девојче, таква кога нејзината мајка и баба биле млади, но и еден голем постер од неа, кој нејзиниот татко го има закачено на ѕид.

Овие драги спомени, Калиопи ги сподели со обожавателите на Инстаграм, кои како и секогаш и покажаа дека им значи тоа што Опи секогаш е отворена за да ги открие и најдрагите нешта од приватноста.

To top