Радио Милева

(ФОТО) Јана Бурческа го покажа домот: Еден детаљ специјално го посвети на новородената ќеркичка Дона!

(ФОТО) Јана Бурческа го покажа домот: Еден детаљ специјално го посвети на новородената ќеркичка Дона!

Кон почетокот на месец октомври пејачката Јана Бурческа стана мајка и на свет донесе девојче кое го доби името Дона.

Веста дека ќе стане сопруга и мајка ја изненади јавноста бидејќи беше соопштена за време на Евровизија каде таа ја претставуваше Македонија со песната „Dance alone“.

Јана не преферира да открива нешто повеќе за својата приватност, особено откако Евровизија заврши, а потоа направи свадба и се породи.

Бурческа како да замина во медиумска илегала, но деновиве направи преседан, па реши да покаже дел од домот, односно да открие дека со сопругот ја накитиле елката и направиле новогодишна атмосфера во домот и тоа од крајот на месец ноември.

Инаку, Јана и нејзиниот сопруг Алкесандар останаа дискретни кога е во прашање нивната Дона, а во нејзина чест на елката покрај ѕвездата ставија балон кој го симболизира нејзиното доаѓање во домот годинава.

To top