Кога е изгледот во прашање, физичката форма и здравјето секако, поп-пејачката Елена Ристеска нема оправдувања.
Таа веќе неколку години редовно пешачи на Водно, а освен тоа од пред извесно време почна да практикува и една нова современа метода за вежбање која особено се применува во спортската медицина.
Изврзана со ремени и жици, Елена ги збуни оние обожаветели и следбеници кој не баш ја познаваат оваа метода, па и порачаа дека е многу згодна и не и треба било какво слабеење.
Инаку, со овој принцип на вежбање, наречен бодитек се постигнуваат оптимални резултати за најкусо можно време, зашто еден тренинг трае само 20 минути и истиот се изведува со помош на електро-мускулна стимулација.
Очигледно на Еленче ова и годи и и се допаѓа, а тоа дека таа изгледа бомбастично, нема простор за дилема.