Во организација на здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и Амбасадата на Република Австрија во Македонија, деновиве на Скопје по 19-ти пат се одржа Виенскиот бал.
Традиционално како и секоја година, акцентот беше ставен на гламурот, танцот, музиката и хуманоста.
Магијата на Виенскиот бал ја почувствуваа доста јавни личности, како и оние од дипломатскиот кор. Како и секоја година, така и оваа, една од познатите дами во земјава која е редовен гостин на балот, е ТВ водителката Ирена Спировска.
Како дама која важи за секогаш стилизирана, шармантна и впечатлива, овој престижен настан е посебна прилика за таа да ја избере најженствената елеганција на себе во склад со балските стандарди.
Годинава таа се појави во бела тоалета во сирена крој која ја истакна нејзината витка линија, а пак впечатливата текстура на моделот, дополнително ја стави во фокусот на вниманието.
Иако белата боја според модните балски начела е резервирана само за дебитантите, Ирена со својата појава во моден поглед достојно го испочитува настанот и заблеска со својата маркантност.
Таа е пример дека не секогаш слепо мора да се следат правилата, може да се биде свој, оригинален и индивидуален.