Живот и Стил

(Фото) Хит венчаници за 2018 година: Кажете му збогум на длабокото деколте

(Фото) Хит венчаници за 2018 година: Кажете му збогум на длабокото деколте

Исто како и со чевлите, капутите или ташните, така модата на венчаниците секоја година се менува.

Кројот на најважниот фустан се избира според градбата на телото, а сè останато според личниот вкус на идната невеста – дали ќе биде отворено на грбот, дали ќе има деколте, ремен, шлиц, дали ќе биде кратка или долга венчаницата.

Според социјалната мрежа Pinterest, во 2018 година, најпопуларните венчаници ќе бидат оние без деколте, односно, тоа ќе бидат тоалети со висока јака.

Се чини дека на венчаниците кои ги откриваат градите им помина модата, па оваа година познатите дизајнери на венчаници решија оваа година невестите да ги закопчат до грлото.

Венчаниците во облик на сирена сеуште се едни од најбараните модели, додека голем дел од идните невести сеуште избираат венчаници со детали од чипка.