По настапот на “Роса фест” каде ја испеа “Прва во се”, пејачката Елена Велевска деновиве го промовираше и новиот спот за песната “Срце бакшиш ќе ти дадам” која ја испеа на фестивалот “Валандово“ пред две години.
Неодамна се врати од Италија каде настапуваше во еден локал, а во турбо предпразничен период, како и останатите нејзини колеги од естрадата, Елена постојано е окупирана со работни ангажмани, од снимања на емисии, фотосесии, па се до настапи.
Со крајот на месец декември и 2017 година, на социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии од снимањата на емисиите кои имаат за намена да ги развеселат сите оние кои најлудата ноќ ќе ја поминат дома, но секако и за веселење душа за претстојните празници.
Нашите фолк дами како и секоја Нова година, така и оваа, се потрудија да се облечат свечено секси парче кое ќе ги стави во фокусот пред камера.
На секоја емисија, некоја од нив се издвојува со модниот избор и провокацијата, а овој пат таа улога и припадна на Велевска која за снимањето на новогодишната емисија во МТВ се појави во ултра кусо зелено светкаво фустанче кое откри повеќе кожа на неа.
Ем бујно деколте, ем голите витки нозе кои камерата сигурно не можела, а да не ги лови во познатата техника од долу – нагоре.
Кај Еленче сигурно имаше што да сними, а пред премиерното емитување, пејачката ја заскокотка љубопитноста на обожавателите, па објави детали од колегијалната дружба и специјалниот изглед.