Пејачката и актерка Џенифер Лопез беше главна ѕвезда на прославата „Time 100 Gala“ во Њујорк минатата ноќ, а со својот впечатлив изглед и атрактивен стајлинг, како и секогаш успеа да предизвика внимание кај присутните.
Во светло сребрено-златна тоалета со потписот на Зухаир Мурад, Џеј Ло прошета како вистинска дива на црвениот килим.
Длабокото деколте скоро до папокот беше во фокусот, па затегнатите гради дојдоа до израз, но светските медиуми и најдоа забелешка дека градите и изгледаат виснато.
Инаку, на случувањето таа се појави со своето момче Алекс Родригез со кого е во врска една година.