Учеството на Јелена Карлеуша во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, можеби е највозбудливиот дел од емисијата.
Директорот Саша Поповиќ не случајно ја избра како дел од жирито, бидејќи таа секогаш знае да даде искрен коментар, колку и да боли, а не ретко знае да крене прашина со расправиите со Вики Миљковиќ, но и со својот моден избор.
Но, за време на снимањето на најновата емисија од третиот круг, Јелена направи преседан.
Имено, таа се појави со сосема едноставен фустан со цветен принт, комбиниран со виолетови чизми. Беше навистина изненадувачко што овој пат воопшто не покажа гола кожа, па на сите ги остави во бунило со своето „домаќинско“ издание.
Сепак, оние подобро упатените во модата сигурно ќе кажат дека Јелана направила одличен избор, особено со контрастот на виолетовите чизми, нијанса која е апсолутен хит за 2018 година.