Промотер

Фолкерот Боби Спасенцовски сними поп балада – „Ти родена си само за мене“ (ВИДЕО)

Фолкерот Боби Спасенцовски сними поп балада – „Ти родена си само за мене“ (ВИДЕО)

Боби Спасенцовски на македонската јавност и е познат како пејач кој кариерата ја гради во фолк музиката. И додека деновиве се снимаат бројни новогодишни ТВ програми и емисии за највеселата ноќ и празничните денови за потребите на телевизите во кои покрај бројните фолк колешки и колеги учествува и тој, нему како фолк естрадата да не му е доволна, па простор за пошироко делување Боби се обиде да најде и во поп водите.

Така, деновиве тој ја промовираше својата нова песна и видеоспотот за неа, насловени „Ти родена си за мене“. преслушувајќи ја песната веднаш можете да заклучите дека се работи за класична забавна песна која нема никакви допирни точки со фолкот и она што досега Боби го работеше и пееше. Ако повнимателно го проанализирате насловот на песната и ги преслушате стиховите што ги содржи, станува јасно на прва дека некому истата е му е наменета.

Посветата на песната на неговиот Фејсбук профил, само ја потврдува тезата дека таа е напишана наменски и претпоставуваме, не случајно е забавна. Некому за подарок, на некој кој му е многу драг, без кого не може, кого го сака… А, тој некој, веројатно повеќе сака поп, отколку фолк музика! Но, сеедно…

Самиот Спасенцовски е и сам свој мајстор, односно комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот како и изведувач на песната, а истата е снимена во студиото „Сити саунд“ на Љупчо Соколовски.

Видеото го потпишува екипата на „Браво продукција“, а истото е снимено на локација на патеките на „Арт картинг центар“ и во него покрај пејачот и придружниот бенд, учествуваат прекрасните девојки, модели на најпознатото модно студио кај нас – „Црнокрак“!

Како звучи и изгледа „Ти родена си за мене“ проследете во продолжение:

To top