Пејачот Љуба Перучица и неговата сопруга, бившата ТВ водителка Катарина Колозесус важат за една од најскладните брачни двојки на естрадата. Но, нивната љубовно-семејна хармонија однеодамна е сериозно нарушена, откако на социјалните мрежи ги објавија страшните закани кои ги добиваат.
Имено, Љуба Перуќица покажа морничави пораки кои ги добивала неговата сопруга Катарина Колозеус на Инстаграм. Непознато лице се заканува со смрт, но и испраќа и хорор фотографии.
„Кому да се жалам за ова? Одново и одново прави нови профили и испраќа ужасни работи. Инаку, ништо не е подобро ниту со моите мејл пораки“ – напиша Љуба Перуќица.
Непознато лице прво се пцуе: „Да му ги е**м на твојот сопруг Исус Христос и мајката и таткото“, а потоа упатува монструозни закани во форма на пораки, но и фотографија на која се гледа крвава рака и нож: „Би го убил твојот сопруг, Јас ќе го убијам твојот сопруг“.
„И што треба сега да се направам“? – прашува пејачот обраќајќи се за помош.
Фото: Инстаграм принтскрин/katarina_kolozeus/ljubaperucica