Радио Милева не е како во бајка

Фолк пејачката Снежана Ѓуришиќ наводно била изневерена од нејзиниот партнер со 27 години помлада жена (фото)

Фолк пејачката Снежана Ѓуришиќ наводно била изневерена од нејзиниот партнер со 27 години помлада жена (фото)

Позната пејачка Снежана Ѓуришиќ веќе неколку години е во хармонична врска со гинекологот Вања Милошевиќ, а нивната врска јавно ја признаа во 2018 година.

– Ние сме стари луѓе, не можеме да бидеме дечко и девојка, тоа е смешно. Ако требаше да се венчаме, ќе го направевме тоа. Во неколку наврати објаснив. Нема причина да се венчаме. Имаме живот зад нас, имаме внуци, добро ни е во врската во која сме, а само Господ знае колку ќе трае. Ќе се молам да биде вечно – изјави еднаш Снежана.

Сепак, иако се изгледаше идилично и хармонично во нивната врска, јавноста почна да слуша гласини за наводната измама на познатиот доктор. Според српските медиуми, Вања наводно се допишувал со 28-годишна девојка преку социјалната мрежа Фејсбук.

Како што тогаш објави магазинот „Скандал“, девојката инволвирана во целата приказна како доказ ја приложила и нивната преписка кон овој магазин. Тврдела и дека Вања Милошевиќ (55) ја замолил да му праќа фотографии и да се  слушнат преку Вибер.

– Сите твои слики се убави, и презимето ти е убаво, прати ми слика! Полесно ми е да слушнам од тебе, еве го мојот број! Фејсбук го отворив само поради некои пријатели од војската, и го наполнив со девојки – наводно пишувало меѓу другото во пораките кои Вања и ги праќал на дотичната девојка, а тоа и го изјавил тогаш.

Кога споменатата девојка дознала од медиумите за неговата врска со Снежана Ѓуришиќ, тој наводно одговорил:

– Остави ги медиумите, пишуваат секакви работи, јас сум разведен – наводно истакнал во пораките.

Додека пак, Снежана никогаш не се огласи поради овие натписи.

Фото:Принтскрин/Д.Кадиќ/Драгана Удовичиќ/Д.Дервишагиќ

To top