Радио Милева и ја утнаа шминката?

Фолк дивата ги запрепасти своите обожаватели: „Брено, изгледаш како плашило“! (ФОТО)

Фолк дивата ги запрепасти своите обожаватели: „Брено, изгледаш како плашило“! (ФОТО)

Лепа Брена ги запрепасти своите обожаватели и следбеници со новиот стајлинг во кој се појави завчера на снимањето на едно музичко шоу. Во преден план беше нејзиното лошо нашминкано лице, полно со неправилности, па корисниците на социјалните мрежи коментираа дека изгледа како „плашило“.

Пристигнувањето на популарната пејачка во студиото РТС изгледаше ветувачко. Брена се возеше во луксузен автомобил, средена од глава до петици, во долг црн фустан, со средена фризура. Сепак, кога дошла во бекстејџот за да даде изјави, многумина биле шокирани. На светлината можеа да се забележат сите несовршености на нејзиното лице, кои, ако се потрудела малку повеќе, можела добро да ги скрие.

Фотографиите од тоа снимање почнаа да се шират на социјалните мрежи, а многумина беа разочарани од нејзиниот изглед. Уште еднаш внимание привлекоа нејзините уши, кои беа речеиси поврзани со лицето поради различни интервенции и ботокси. Сепак, најголемо внимание предизвика нејзиното лошо нашминкано лице. Сосема е логично дека жена во тие години има многу несовршености на кожата, дека брчките се видливи, но сето тоа може да се поправи со добра сценска шминка, за што фолк дивата овој пат не се потрудила.

Имено, без разлика дали сама се шминкала или некој и помогнал во тоа, забележливо е дека пудрата што ја избрала е многу лоша и не одговара на нејзиниот сув тип на кожа, поради што Брена изгледа многу постаро и истрошено. Освен на Инстаграм, Брена доби најмногу негативни критики на Твитер. Луѓето беа запрепстени од нејзиниот изглед, па еден твитерџија го искажа своето мислење.

„Лепа Брена ми изгледаше како страшило во синоќешната емисија на РТС. Шминката е ужасна, шминкерката не ја погодила пудрата за типот на кожата, изгледа суво, и се гледа секоја точка и брчка, а тенот воопшто не е среден. Жено, инвестирај во добар козметичар и третмани за нега, не само во ботокс“ – е коментарот на овој твитерџија кој доби поддршка од други членови на твитер заедницата.

Фото: ATA images/ Инстаграм принтскрин/lepabrenaa

To top