Најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ одигра пријателски натпревар по повод 75. роденден и славеше над „Железничар“ од Сараево (2-0), исто така еден од најтрофејните клубови од Босна и Херцеговина. На овој дуел јубилеј славше и навивачката група „Комити“ – 35 години од своето постоење.
На Арената „Тодор Проески“ во Скопје владееше вистинска славеничка атмосфера, пред нешто околу 15.000 љубители на фудбалот. Трибините пулсираа во име на „црвено-црните“, а се приреди и пиротехничко шоу во знак на јубилеите.
Што се однесува до натпреварот, Вардар постигна по еден гол во двете полувремиња. Реализатори во победата беа Филип Јаневски и Ерен Парталко. Сите играчи кои беа во записникот, добија шанса.
За Вардар настапија: Гачевски, Ристески, Глишиќ, Вецески, Мишковски, Мицевски, Јусуфи, Јаневски, Маркоски, Христов и Попзлатанов кои беа во стартниот состав, а од клупата влегоа Целески, Јовчев, Стоилевски, Дошев, Папули, Величковски, Николовски, Парталко, Велковски, Николов, Блажевски и Цветков.
Покрај натпреварот најинтересен беше забавно-музичкиот роденденски дел во кој братското дуо „Некст Тајм“ имаше свој настап. Во свој стил, во духот на македонската патриотска традиција Мартин и Стефан со својата изведба н нивните познати изворни обаботки буквало го „запалија“ стадионот со песна, а „Комитите“ со своето пиротехничко шоу!
„Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро, да ги и видиш комитите…“ – ечеше од грлата на петнаесетилјадната публика верни навивачи на „Вардар“ кои пееја во еден глас заедно со „музичките близнаци“ и сите заедно го увелеичаа спектаклот за двојно славје – 75 роденден на клубот и 35-иот на неговата верна навивачка група.
Како изгледаше и звучеше атмосферата во славеничкиот дел од спекталот на арената „Тоше Проески“, проследете во продолжение:
View this post on Instagram
Извор: Гол.мк
Видео и Фото: gol.mk/nexttimeband Инстаграм принтскин