Живот и Стил

Физички знаци на стрес

Физички знаци на стрес

Стресот е дел од секојдневниот живот на секој од нас. Некои луѓе лесно минуваат низ одредени ситуации, лоши периоди, додека за други анксиозноста се претвора во хронична. Постојат многу фактори кои можат да доведат до несакани физички промени и болести или моментални болки. Стресот е еден од нив. Видете неколку симптоми на стрес, кои не треба да ги одминувате.

Проблеми со дишењето
Кога се наоѓате во ситуација на анксиозност и стрес во телото сосема природно се одделуваат хормони на стресот, крвните садови се стегaат. Тогаш почнувате да се чувствувате како не може да земете доволно воздух.

Вознемирен стомак или стомачни грчеви
Промените во автономниот нервен систем предизвикани од анксиозност, можат да доведат до дигестивни проблеми. Имало болки во стомакот, гасови, гадење. Исто така анксиозноста може да предизвика промени во апетитот.
Дигестивниот систем има свој ритам, но кога е нарушен од наглото покачување на хормоните кортизол и адреналин , резултатите се непредвидливи. Тоа значи дека ако стресот ви е секојдневен, хроничен, толку редовни ќе бидат и дигестивните проблеми.

Болки во мускулите
Загриженоста може да предизвика затегнување и тензија во мускулите на телото. Некои луѓе кои се подложени на редовен стрес велат дека чувствуваат стегање во областа на вилицата. Стискањето на заби е заеднички пропратен ефект од анксиозноста, а тоа гадење се пројавува често и за време на спиењето.

Прекумерно потење
Силниот стрес може да предизвика и ненадејно потење, особено на дланките. Хормоните се наоѓаат во нерамнотежа, телото ја покачува телесната температура. Покрај дланките, потењето е зголемено во областа на пазувите, челото.

Недостаток на енергија
По ситуации на стрес, како некој да ни ја одзел од енергијата. Без да сме извршиле којзнае какви физички движења, ние се чувствуваме исцрпени, уморни. Овој недостаток на енергија често спречува да заспиеме, ни го прави сонот непотполен. Чувството на тежина во очите и главата, недостаток на концентрација се симптоми на стрес , кои не треба да ги одминуваме.

To top