Радио Милева

Нападната и ограбена ќерката на Алек Болдвин (фото)

Нападната и ограбена ќерката на Алек Болдвин (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Ајрланд Болдвин (23), ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер,  брутално е нападната и ограбена.

Инцидентот се случил на паркинг кога жена физички ја нападнала манекенката и удрила во нејзиниот преден дел на лицето.

Потоа, жената ги украла работите на Ајрланд и заминала во автомобилот кој се наоѓал на паркгинот.

Ќерката на Алек  на социјалните мрежи сподели фотографија и опиша како изгледала кражбата.

фото: Принткрин/инстаграм

„Сношти во доцните вечерни часови ме нападна жена која беше под влијание на дрога и очајна да набави готовина. Ме удираше по лицето, ми ги зема работите и замина во автомобилот во кој ја чекаше сопругот“ , напиша таа во описот на објавата.

Таа истакна дека полицијата решила се и дека и помогнале неколку луѓе кои се наоѓале на паркингот за време на инцидентот.

фото: Принткрин/инстаграм

„За среќа, тоа беа сведоци кои ми помогнаа. Полицајците ми кажаа дека тоа често се случува поради што луѓето се очајни бидејќи немаат пари затоа што останеле без работа поради коронавирусот“ пишува таа и додава:

„Ова го пишувам е за да ве потсетам да бидете внимателни и да внимавате на својата околина. Ова се тешки времиња и треба да се чуваме едни со други“, заклучи моделот.

Останати вести од Радио Милева