Живот и Стил

Фит десерт со боровинки, мусли и чиа семе

Фит десерт со боровинки, мусли и чиа семе

Дали овој рецепт ќе ви биде десерт или појадок вие ќе си одлучите, само да ви кажам дека ова е навистина едно здраво и корисно уживање сместено во чаша.

Подготовка
1. Најпрво го потопуваме чиа семето во јогуртот заедно со медот. Промешуваме и оставаме барем 1 час да се згусне.
2. Боровинките, мусли со овошје и семиња, медот и чиа семето зедно со јогуртот ги блендираме во Нутрибулет/блендер. Откако смесата ќе ја измазниме ја ставаме во чаша.
3. Половина од претходно подготвениот јогурт со чиа семе го делиме на два дела. Во едниот дел ставаме 1 мала лажичка од смесата со боровинки, а половината ја оставаме бела.Ова и не мора да го правите, јас го правев заради нијансирање на слоевите, односно за поефектен изглед на десертот.
4. Врз слојот од боровинки го ставаме светло виолетовиот слој, па редиме мусли со овошје и семиња, па белиот слој со чиа семе.
5. Го оставаме барем ½ час да се накисне и омекне муслито. Но ако сакате да ви биде крцкаво може веднаш да го уживате.

Забелешка
Можете да користите засладувач по желба и по вкус, ако не ви е доволно благо да си додадете или одземете. Јас додадов во една од делот со јогурт уште малку мед, сакав да ми биде послатко.
Не мора да чекате 1 час за да згусне чиа семето, може и да бидат 15 минути, или додека да го подготвите делот со боровинки, со тоа што откако ќе ги наредите слоевите, тогаш да го оставите да се згусне. И најдобро е да биде одложено во фрижидер.

извор: Моирецепти.мк

To top