Турските актери Салих Бадемчи и Имер Узгун, познати како Фикрет и секретарката Есра од серијата „Истанбулската невеста“, кон средината на месец мај станаа родители за првпат.
Салих и Имер, во моментов кај нас се актуелни со серијата „Истанбулската невеста“ каде тој е оженет, но имаше афера со својата асистентка Есра, односно сопругата во реалноста.
Во серијата можеби универзумот не им беше наклонет, но во вистинскиот живот тие имаат среќен и хармоничен брак.
Сега имаат причина повеќе за радост, а тоа е нивната ќеркичка која Салих ја покаѓа додека уживаат под сенка на плажа.
Инаку, двојката во реалноста беше во врска од 2014 година, а се венчаа во 2015.