Скопското трио „Фанк шуи“ ја заокружува годината со ново видео за темата насловена „Деца“.
Видеото го објавија само еден ден пред големата предновогодишна забава на матичната продукција „Авалон“ – третото издание на фестивалот „All You Need Is Love“, каде што ја имаше честа да ја загреее атмосферата пред главните ѕвезди Влатко Стефановски и Џибони.
Песната е снимена во студијата „Подрумот“ на Ангел Ќосев (микс и мастеринг) и „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски, со помош наДраги Иванов, а за видеото се погрижија самите членови на „Фанк шуи“ со Борис Ралев зад камерата.
Триото годинава го објави и албумот „Импулс“ каде што ги смести одличните „Виулица“ и „Сомнежи“, а во октомври ја претстави и темата „Крик“.
„Деца“ е едно од помеките изданија на фуриозната тројка, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.
Извор: РадиоМК