Ако сакате сардини и варени јајца, ова е идеалниот намаз за вас.
Состојки:
1 конзерва сардини
2 јајца
1 лажица мајонез
1 лажиче сенф
малку магдонос
1/2 глава црвен кромид
1/2 сок од лимон
сол по вкус
бибер по вкус
Подготовка:
Сардините исцедете ги, но оставете малку масло, па изгмечете ги со вилушка и прелијте ги со сокот од лимон.
Додадете пасирани варени јајца, па сенфот, мајонезот и ситно сечканиот кромид и магдоносот.
Измешајте сè, а потоа зачинете со бибер и сол по вкус.
извор:курир.мк