Повеќето од нас ја практикуваат навиката да нанесуваат дезодоранс на кожата во утринските часови, пред излегувањето од домот, но дерматологот Сандра Ли, тврди дека тоа е сосема погрешно.
Ли која е попозната како Д-р Пимпл Попер како истоимената телевизиска емсија со која раководи, смета дека треба да ставиме дезодоранс навечер, пред спиење, доколку не сакаме да мирисаме непријатно и тврди дека науката ги поткрепува нејзините тврдења.
Тоа е моја мала тајна. Најдобро е дезодорансот е да го нанесуваме во вечерните часови, тогаш истиот е најефикасен затоа тогаш, во тоа време, нашите жлезди се на нивни најмирни.”- изјави Ли.
Таа додаде дека денес најмногу жали што не се грижела подобро за својата кожа кога била помлада и дека посакува да не ги триела толку очите тогаш. Денес, покрај разните позитивни навики, таа козметичките производи наместо да ги трие во кожата, само ги нанесува и со пристите сосема нежно притиснува врз истите. Дерматологот исто открива и дека најдобро е кожата на лицето да се измие со млака, наместо со топла или ладна вода, што би било еден вид шок за истата.
извор:нане.мк