Алое вера е многу корисна билка и затоа е препорачливо да си ја имаме дома. Ќе ви наведеме неколку причини зошто треба да ја одгледувате.
Оваа билка помага при изгореници настанати од делувањето на сонцето. Покрај тоа, оваа билка, поточно нејзиниот гел, помага при разни кожни проблеми. Може да се третираат акни и ја намалува видливоста на брчките. Се препорачува и при убоди од инсекти. Ако сте алергични од убод на инсекти или забележите дека нешто не е во ред, отидете на лекар бидејќи убодот од инсекти може да биде опасен.
Оваа билка помага и при артритис, опстипација (делува како лаксатив), ждригавица. Иако е корисна оваа билка, сепак треба да знаете како се користи. Познавачите велат дека не треба да ја користат лица кои користат лекови за дијабетес, бремени жени (или оние што планираат да забременат) или доколку имате нервозни црева (проблеми со дигестивниот тракт).
Сокот од алое вера се консумира во мали количини, дозирано еднаш или два-три пати во текот на денот. Не се нанесува на хируршки рани. Освен што е лековита, дава преубав изглед на просторијата во која се наоѓа, а многу е лесна за одржување.
Како и сите други кактуси, не е потребна преголема нега околу полевањето. Го прочистува воздухот и дава пријатен мирис. Секој може да засади алое вера: потребни ви се само саксија и малку земја со добра дренажа.
Маст од алое вера се користи за: изгореници, псоријаза, акни, хемороиди, проширени вени. Сокот е погоден за луѓе со зголемен шеќер во крвта, артритис и чир на желудникот.
извор:курир.мк