Јелена Карлеуша е позната по тоа што нема влакна на јазикот и секогаш го кажува тоа што го мисли, иако тоа доведува до конфликт со нејзините колеги и колешки.
Иако често во „Ѕвездите на Гранд“, Јелена и Марија Шерифовиќ жестоко се караат и „навредуваат“ една со друга, досега не се случило да не зборуваат.
Овојпат, Карлеуша на „Инстаграм“ ја прозва својата пријателка и колешка, Марија Шерифовиќ.
Имено, Карлеуша објави преписка со еден нутриционист која најверојатно е задолжена за начинот на исхрана на Јелена и Марија.
Во таа преписка, Јеца се жали на својата другарка откривајќи дека ги крши правилата на диетата, но и дека на Јелена и отежнува да се придржува кон начинот на исхрана.
„Еве ти, дебела“ напиша Јелена во описот на фотографијата.
Еве ја преписката.