Лепа Брена денес важи за најпопуларна пејачка во регионот.
Брена годинава одбележува 35 години кариера, а пред да стане популарна и дел од естрадата таа имала сосема различна професија што не е поврзана со музиката.
Имено, пред да биде јавна личност, сопственичката на „Гранд“ работела како бебиситерка во едно семејство во Белград односно ја чувала пејачката Ана Штајдохар.
Денес, познатата фолкерка важи за една од најбогатите и најпопуланрите пејачки во регионот. Таа е сопственичка на продукцијата на „Гранд“, а заедно со својот сопруг има и неколку приватни бизниси.