Полната месечина на крајот на април е една од најмагичните во годината. Доаѓа ноќта меѓу 29 и 30 април.
Периодот на оваа месечина поттикнува на промена, а со оглед на тоа дека е во знакот на скорпија, тогаш доаѓаат коренити промени во нашите животи. Полната месечина во април најчесто се нарекува и Розова Месечина, бидејќи се смета за носител на женската среќа и ја придвижува пролетната енергија.
Скорпијата ја претставува смртта, повторното раѓање, но и безусловната љубов. На површина, овој знак е убав и себичен, но всушност е извор на великодушна љубов. Таквата енергија на Скорпијата може да се предизвика огромни промени онаму каде што се потребни. Токму и затоа, полната Месечина во Скорпија може да биде моќен момент во животот на луѓето.
Кога ќе почне да надоаѓа полната Месечина, обидете се да забележите какви мисли ви доаѓаат и како се чувствувате. Ова би требало за вас да биде време на длабоко преиспитување, поради што ќе имате потреба да се повлечете и бидете сами, настрана од светот. Така ќе имате можност и да се ослободите од некои работи кои ве спречувале да бидете тоа што сте. Кога ќе го забележите тоа, бидете подготвени за чистење на старите работи кои ве блокираат.
Ќе се соочите со стравовите и тешкотиите во вашиот живот и ќе излезете посилни од било кога. Сепак, не се трудете залудно да ги покривате своите емоции со лажна насмевка и глумење позитивност.
Полната месечина ќе допре онаму каде што треба и ќе поттикне љубов. љубов кон себе, кон другите околу вас, кон вистинските луѓе.