Со векови наназад, лепчето е традиција која домаќинките во Македонија го замесуваат за Бадникова вечер или рано наутро за Божиќ, пред зори.
Неизоставен дел од лепчето е паричката, а еве зошто е таа важна и зошто никако не треба да ја фрлите или да ја задржите кај себе!
На Бадниковата вечера, домаќинката му дели парче од лепчето на секој член од семејството, а се верува дека оној на кој ќе му падне паричката, преку целата година ќе има среќа, здравје и богатство.
После делењето, сите членови на семејството мора да го изедат својот дел од лепчето за во нивниот дом да влезе сила и здравје, а оној кој ќе ја пронајде паричката не смее да ја фрли или да ја заборави.
Се верува дека паричката која е извлечена од лепчето треба да се откупи со други пари од оној кој ја пронашол во лепчето, а потоа се става на икона или покрај неа и се чува до следниот Божиќ.
извор:точка.ком.мк