Војвотката од Кембриџ овојпат не му го додели трофејот на Новак Ѓоковиќ иако објацата во исто време беа на терен.
Сепак, на церемонијата на затварањето на Вимбелдон во Лондон, Кејт Мидлтон се сретнала со Новак и ја искористиле приликата малку да поразговараат.
„Честитам. Драго ми е што повторно се гледаме“ изјавила војвотката, а Новак и се поклонил во знак на почитување и возвратил дека задоволството е негово.
„Драго ми е што и јас повторно ве гледам“, возвратил Ѓоковиќ.
Мидлтон истакнала дека ова година било многу тешко да се организираат поради пандемијата со коронавирусот.
„Семејството не беше со вас, тимот исто така лимитиран“….
„Да, сите се трудевме од ситуацијата да извлечеме максимум, но ние сме благодарни што денес сме овде и што имавме можност да играме на најпрестижниот турнир во светот“.
„И со публика“, одговорила Кејт која во слободно време сака да игра тенис, а Новак ја прашал како и оди.
„Малку тешко. Секојпат кога ќе земам да играм тенис околу нас доаѓаат деца и не можеме да играме. Тоа е прекрасно“, одговорила Кејт.
„Тоа е многу убаво“, додал Новак.
„Ви благодарам што бевте овде. Се најдобро на вашето семејство“, додал тенисерот.
Кејт возвратила со исти желби.
„Повторно поздравете го семејството и се најдобро“.
Домот на Кембриџ и преку социјалните мрежи испрати честитка на Новак Ѓоковиќ.
фото: гети имагес