Живот и Стил

Еве што јаде Џенифер Анистон за да изгледа секси и во петата деценија од животот!

Еве што јаде Џенифер Анистон за да изгледа секси и во петата деценија од животот!

Џенифер Анистон е една од најпопуларните ѕвезди, а нејзините години не влијаат на нејзиниот изглед.

Благодарение на правилната исхрана и вежбањето, Џенифер изгледа совршено. Според пишувањта на медиумите, таа вежба секој ден освен во недела кога се одмара.

Џенифер прави вежби за нозете, а и вежба јога. А кога се во прашање кардио вежбите, 15 минути вози велосипед, 15 минути трча на трака и 15 минути вежба.

Што се однесува до храната таа јаде овошје и зеленчук. Шест дена во неделата јаде храна која содржи помалку јаглехидрати, богата со протеини, без глутен, а еден ден во неделата јаде се што ќе посака. Нејзината тајна е: да јаде овошје и зеленчук, да пие вода, да консумира помалку шеќер и доволно да спие.

фото: тајнуг

За појадок обично јаде каша со белки од јајца, смути или житарки со банана. Ручек и вечера се храна богата со протеини и салати или комбинација на зеленчук. Во текот на денот има ужинка, а најмногу сака да јаде јаболко со путер од бадеми.

Поврзани теми

To top