По попуштање на епидемиолошките мерки за заштита од коронавирусот, естрадните уметници веќе започнаа со настапи, а како што пишуваат домашните медиуми некои од српските пејачи заработуваат и преку 10 000 евра за еден, два часа.
Како што пренесува република.рс, Буба Корели и Џала Брат за два блока од 45 минути заработуваат по 15 000 евра.
Цената на Ацо Пејовиќ од 10 000 евра наводно скокнала на 12 000 евра.
Пејачот Саша Матиќ зема по 10 000 евра од настап, но од друга страна зависи и каде настапува, дали е клуб, прослава, работен ден или викенд.
Цената на Теодора Џехверовиќ варира од 9 000 и 10 000 евра.
Aлесандра Пријовиќ почна активно да работи и цената на нејзиниот настап изнесува 10 000 евра, а таа неодамна во едно интервју истакна дека не се променил нејзиниот хонорар.
За Јелена Карлеуша не се знае колку изнесува нејзиниот настап, но многумимина тврдат дека не е под 10 000 и 15 000 евра. Меѓутоа, кога станува збор за неа, сопствениците на клубовите не се прашуваат за пари. Инаку, пејачката на 3 јули ќе настапи во Охрид.