Популарната турска актерка и пејачка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, неодамна стана мајка по вторпат и доби уште еден син во бракот со актерот Халит Ергенч.
Убавата актерка е доста активна на социјалните мрежи, а фановите и папараците ја следат во чекор.
Таа и нејзиниот сопруг, секогаш се расположени за фотографирање и дружба со фановите, па затоа не е тешко да се пронајдат приватни фотографии од нив.
Она што е помалку познато е дека талентот за глума на Бергузар и е во гените, односно и нејзините родители се актери, татко и Тању Корел и нејзината мајка Хулја Дарка.
Од објавените фотографии јасно се гледа од кого ја наследила убавината оваа славна турска актерка, но и умешноста и харизмата пред камерите.