Радио Милева не се штедел

Еве колку искеширал Аца Лукас за свадбата на синот Лазар

Еве колку искеширал Аца Лукас за свадбата на синот Лазар

Пејачот Аца Лукас го ожени синот Лазар, па по тој повод направи вистинска свадбена веселба.

Имено, како што се наведува, Лукас за свадбата на синот и снаата Ана искеширал 50 000 евра.

-Аца не сакаше да штеди за свадбата на синот, па му кажа да го одбере најдобриот ресторан кој може да прима голем број на гости, да има неограничено јадење и пиење. Не го интеренсираше колку ќе чини. Затоа снаата и синот организираа најдобар кетеринг, декорации, но и пејачи за да свадбата изгледа како што треба. Аца немаше време да се занимава со детали бидејќи беше фокусиран на изборот на песна за Евровизија, па му даде само пари и му кажа да не се штеди. Го жени синот и како што кажа не сака естрадата да му коментира дека е стипса, вели извор блиц.рс

Инаку, како шт се пишуваше, Аца за синот подготвил и вреден подарок. Тој на младениците им подарил стан кој е многу поголем од оној во кој сега живее Лазар.

-Ова изненадување Аца се уште не го соопшти на синот и снаата, но сега ќе дознаат. Лукас е многу врзан за децата. Не прави разлика. Навистина води бурен живот, но за наследниците и внуците секогаш наоѓа време. Беше пресреќен кога ја доби првата внука, но сега тој и неговата прва сопруга Цеца едвај чекаат да добијат внуче од најстариот син, вели извор за курир.рс

Инаку, свадбата на синот на Аца Лукас беше планирана за 5ти март, но бидејќи тогаш пејачот учествуваше на Беовизија ја одложија за 6ти март.

фото: ненад крстиќ/принтскрин

To top