Додека ние Новата година ќе ја дочекаме на полноќ на 31 декември, во некои земји од планетата најлудата ноќ ќе биде претходно.
На пладне по наше време во 2024 ќе влезе Нов Зеланд, во 14 часот Австралија, во 16 Јапонија и Кореја, во 17 часот Кина, а час подоцна од 2023 ќе се простат Индонезија и Тајланд.
Спектакуларната прослава во Дубаи ќе биде во 21 часот по наше време, а час подоцна Новата година ќе се честита во Русија и Саудиска Арабија.
Неколку часа по нас, во Новата година влегуваат Бразил и Канада околу 5 часот наутро по наше време, а кога нашите клубови ќе започнат да ги затвораат вратите, Американците ќе се простат со старата година.
извор:курир.мк
фото:Freepik