По тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа претходната недела, водителката на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ полека оздравува.
На почетокот на следната недела таа ќе може да го напушти Оделот за интезивна нега на кое се наоѓа по сообраќајната несреќа.
„По операцијата се покажа дека Деа добро се чувствува и дека оздравувањето брзо тече. Иако цело време се бодреше самата себе и ги смееше сите во болница, и на самата Деа не и е сеедно, прво бидејќи преживеа траума, а второ бидејќи се уште трпи болки. Иако, се труди да биде насмеана, поддршка и даваат нејзината мајка Нена и нејзиниот партнер Младен. Откако лекарите и соопштија дека во текот на следната недела може да ја напушти интезивната нега, Деа и нејзината мајка беа пресреќни“ вели извор за „Блиц“ и додава:
„Кога ги слушна убавите вести, Деа имаше уште една причина да биде позитивна. Кога ќе ја префрлат на друг одел ќе продолжи да се лекува по процедура, и ќе биде потребно многу време Деа да оздрави од сите повреди“ вели изворот.
Според пишувањата на Деа и забраниле да користи мобилен телефон и да прима посети.
За потсетување, терапијата за оздравување на раката на Деа ќе трае две години.