Даниела и Богдан Родиќ, родителите на идната снаа на Цеца, откриле за српски Ало како нивната ќерка го запознала својот иден сопруг, нивен зет.
Се’ започнало минатата година на Копаоник, во новогодишната ноќ … Наташа, нивната втора ќерка и ќерката на Цеца – Анастасија се познаваа, па ги запознаа и Вељко и Богдана, а потоа почнаа со некои меѓусебни симпатии, а подоцна тоа прерасна во врска и така… – вели г-дин Родиќ. Родителите на снаат на Цеца најпрвин мислеле дека врската не е сериозна и не верувале дека ќе прерасне во нешто сериозно. Татко и верува дека ниту Вељко не можел да замисли дека се ‘ уште постојат девојки како Богдана.
Можеби тој претходно немал таква девојка. Можеби имал и други девојки, но веројатно не можел да најде ваква во Белград.
„Богдана е голема домаќинка и способна девојка. Таа е семејна, ги цени вистинските вредности“ – вели Богдан за најмладата ќерка. Богдана е и многу вредна. Иако живее со момчето, таа се’ уште им помага на родителите.